МИСИЈА на училиштето
СМУ на град Скопје ,, Д-р Панче Караѓозов,, врши четиригодишна средно стручна едукација на кадри од областа на здравството , преку оспособување за стекнување на знаења од општообразовни и стручни наставни предмети, како и примена на стекнатите практични умеења и вештини во професионалната работа и натамошното образовaние.
Scientia est potentia.
ВИЗИЈА
Ако ,, Знаењето е моќ, здравјето најголемо богатство,, , нашето Училиште ќе се стреми кон реализирање на најсовремени стандарди на едукација на учениците и нивен развој во компетентни личности, подготвени да се соочат со предизвиците на новото време и барањата на пазарот на трудот.