Фармацевтски лабораториски техничар

image

Фармацевтскиот лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за: 

  • • ракување со лабораторискиот прибор и апарати 
  • • изработка на магистрални, галенски лекови и козметички препарати 
  • • да дава совети при издавање парафармацевтика (козметика, лековити чаеви) 
  • • добивање, чување и примена на лековити супстанци и лекови 
  • • идентификација и определување на чистотата и другите поважни карактеристики на лековитите супстанции 
  • • да евидентира примероци за анализа 
  • • да подготвува реагенси и примероци за анализа 
  • • да асистира во изработка на магистрални препарати 
  • • да пакува , чува и складира реагенски, санитетски материјали, лекови, лековити супстанци и лековити билки по налог 
  • • да собира лековити билки по налог 

Практичната настава по стручните предмети за профилот фармацевтски техничар започнува во втора година и се одвива во соодветни лаборатории и кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на галенски препарати. Во рамките на предметите фармацевтска технологија и фармацевтска хемија е предвидена пракса во институции кои обавуваат фармацевтска дејност. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

 Можности за вработување Фармацевтскиот лабораториски техничар е вклучен во работата на повеќе здравствени организации: галенски лаборатории, аптеки, веледрогерии, фармацевтска индустрија, организации за промет со лекови и билки. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.