Skip to content

Фармацевски лабораториски техничар

Фармацевтскиот лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

  • ракување со лабораторискиот прибор и апарати
  • изработка на магистрални, галенски лекови и козметички препарати
  • да дава совети при издавање парафармацевтика (козметика, лековити чаеви)
  • добивање, чување и примена на лековити супстанци и лекови
  • идентификација и определување на чистотата и другите поважни карактеристики на лековитите супстанции
  • да евидентира примероци за анализа
  • да подготвува реагенси и примероци за анализа
  • да асистира во изработка на магистрални препарати
  • да пакува , чува и складира реагенски, санитетски материјали, лекови, лековити супстанци и лековити билки по налог
  • да собира лековити билки по налог

Практичната настава по стручните предмети за профилот фармацевтски техничар започнува во втора година и се одвива во соодветни лаборатории и кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на галенски препарати. Во рамките на предметите фармацевтска технологија и фармацевтска хемија е предвидена пракса во институции кои обавуваат фармацевтска дејност. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување:

Фармацевтскиот лабораториски техничар е вклучен во работата на повеќе здравствени организации: галенски лаборатории, аптеки, веледрогерии, фармацевтска индустрија, организации за промет со лекови и билки. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.