Skip to content

Медицинска сестра

Профилот Медицинска сестра низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини :

  • да спроведува соодветна нега
  • да асистира при лекарски интервенции
  • да дава вакцини по налог на лекар
  • да мери и регистрира витални знаци
  • да зема биолошки материјал за дијагностика да аплицира медикаменти субкутано, интрадермално, интрамускулно по налог
  • да врши стерилизација и дезинфекција на инструменти и материјали
  • да организира и учестува во здравствена едукација
  • да администрира, едвидентира и да документира

Практичната настава започнува во втора година.

За профилот медицинска сестра практичната наства се одвива во училиштето во специјално опремени кабинети од доменот на медицинската техника , но и во здравствени болнички и вонболнички установи.

Практичните бази кои најчесто се користат се клиниките на Медицинскиот факултет, но и други здравствени институции. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување:

Образовниот профил медицинска сестра може да да ги извршува работните задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита (амбуланти, поликлиники, болници,) хуманитарни организации, дијагностички лаборатории, институти, заводи и сл. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.